1
Градски автобус и велосипед попладнево се судрија во Скопје, кај ТЦ „Мавровка“.
Фотографијата од местото на незгодата покажува дека велосипедот заврши под предното десно тркало на автобусот.
Нема информации за здравствената состојба на велосипедистот.
Полициски екипи се на местото и вршат увид.