(ФОТО Галерија) Филипче: Ние сме лекот, ние сме гласот што грми

Фото: Томислав Георгиев

by irena 11:58
11:58

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на 31. Конгрес на партијата СДСМ ја позиционираше како државотворна и заштитничка сила во македонското општество, спротивставена на, како што рече, обидите за поделба, пљачка и изолација на државата.

„Ние сме директни наследници на тие кои во 1944 година имаа храброст да кажат дека тука ќе има држава. Таа државотворност тече низ вените на секој еден од нас. Црвената боја на знамињата не е декор, туку потсетник да ја чуваме републиката тогаш кога другите сакаат да ја поделат, пљачкаат и изолираат“, рече Филипче.

Тој ја опиша СДСМ како клучен коректив и заштитен механизам во општеството.

„СДСМ е имунолошкиот одбранбен систем. Ние сме лекот, ние сме гласот што грми“, порача претседателот на партијата, нагласувајќи дека улогата на СДСМ не е само политичка, туку и историска и општествена.

„Кога ѝ се спуштал мрак на државата, СДСМ била факелот кој го покажувал патот“, рече Филипче.

Слични вести