215
Во струшкото село Радожда утринава по Богојавленската литургија, беше положен светиот крст во студените води на Охридското езеро.

Меѓу бројните верници кои скокнаа во водата за да го извадат светиот крст, најсреќен беше младиот Дејан Пејоски.

Тој прв стигна до крстот, по што заедно со останатите верници го честитаа големиот христијански празник – Водици.





