Додека СДСМ органски не може да замисли да биде што било, освен на прво место (водечка во власта) или на второ место (водечка во опозицијата со амбиција да биде на власт) на политичкиот пиедестал, а сосема истото може да се каже и за ВМРО-ДПМНЕ, што во голема мера ги ограничува во изборот на тактики и стратегии, сите други партии може да играат послободно, и да се надеваат на „трето место“, т.е. да бидат дел од власта и да добиваат по нешто ситно.
Тоа не треба да се потценува. Во фудбалот, за Бразил или Аргентина ако не станат светски шампиони, тоа е рамно на национален резил, а нема да бидат и премногу среќни ако го освојат само второто место во финалето.
Оти, кога ти си суперсила и си стигнал до финалето, ама не си станал шампион, се нервираш цело време оти сметаш дека само малку фалело за да го добиеш пехарот.
Пишува
Нено БОГДАН
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК