Во 2020 година, тогашната Агенција за млади и спорт, која неодамна се трансформираше во Министерство за спорт, спроведе тендер за изградба на 6 затворени пливачки базени во вкупна вредност од околу 4 милиони евра. Иако одамна требаше да бидат изградени, сепак, досега завршен е само базенот во Тетово, додека базените во Кисела Вода, Ѓорче Петров, Штип, Битола и во Кичево се далеку од готови и плус ќе чинат повеќе од првично предвиденото.
Патем, овие базени ги гради компанија, која не ја обезбедила потребната банкарска гаранција, туку тоа го направил ангажираниот подизведувач, а моментално на терен гради сосема трета фирма.
Згора на тоа, избраниот изведувач моментално има негативна референца издадена од друга институција токму поради несоодветна банкарска гаранција.
Инаку, ова друштво е поврзано со добро познатата „Бауер БГ“, чиј управител е обвинет за изведбата на владината фасада…
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК