Жарко Луковски стои зад луксузните апартмани во Грција што ги изградил негов пријател!?

by fokus

Комплексот наречен „ЕОС Луксузни апартмани“, лоциран во Касандра, првиот крак на Халкидики, е во сопственост на македонски државјанин.

Според податоците што ги обезбеди „Фокус“, станува збор за зетот на некогашниот „крал на тутунот“ Данчо Шутурков, Ристо Секуловски, кој воедно е и долгогодишен близок пријател на поранешниот прв извршен и оперативен директор на „Македонски телеком“, Жарко Луковски, чиј кум, пак, е екс шефот на тајната полиција, Сашо Мијалков.

Откако ни потврди дека неговата фирма го поседува комплексот покрај Егејско Море, Секуловски нè упати директно Луковски да го прашаме дали има каков било удел или поврзаност со овој имот, меѓутоа тој остана недостапен за коментар

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК