Што се случува со заедничката Комисија меѓу Македонија и Бугарија, која треба да работи на објективно толкување на историските настани и да дава препораки како тие да се презентираат во образовните учебници?
Дали таа воопшто работи, со каква динамика, има ли некаков конкретен резултат што би го оправдало воопшто нејзиното постоење или постои само на хартија.
Според сознанијата на „Фокус“, точно е дека средбите меѓу двете страни – македонската и бугарската си имаат одредена динамика, која се почитува.
Последната се одржала пред десетина дена во Софија, на која се дикутирало за усвојување записници од претходните средби. Значи средби има – но нема никакви резултати.
И, тоа е константа од последните видувања на членовите на мешовитата Комисија.
Исто како што е константа, споменувањето на името на Гоце Делчев редовно од бугарска страна, поточно кога ќе се дискутира конкретно за неговиот лик и дело.
Пишува
Зоран ФИДАНОСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК