Во рамки на сторијата за изградба на хотел покрај Охридско Езеро од страна на компанија поврзана со семејството на ексшефот на тајната полиција, Сашо Мијалков, неодамна објавивме на кој начин се спасувал овој објект, кој првично требаше да биде завршен до 2018 година, но почна да се гради дури лани.
Како што обелоденивме, Општина Охрид и инвеститорот „Дивелоп Груп“ потпишале 2 анекси кон основниот договор во 2013 и во 2020 година врз основа на измени на Законот за градежно земјиште, со кои фирмата платила договорни казни и камати од половина милион евра, но истовремено добила продолжен рок за изградба на хотелот.
Воедно, пишувавме и за позицијата на локалната самоуправа дека со измени на Законот за градење и на подзаконски акт се избегнала обврската за изработка на студија/елаборат за животна средина.
Арно ама, над 20 невладини организации предводени од „Фронт 21-42“ тврдат дека одобрението за градење е ништовно, бидејќи е издадено без Решение за согласност за спроведување на проектот што Министерството за екологија го дава по спроведена постапка за оцена на влијанието врз животната средина.
Всушност, тоа го предвидува Законот за животна средина, додека со Уредба се наведува локацијата на проектот како критериум, при што особено се истакнуваат објектите во близина на водни живеалишта, крајбрежни зони на водни екосистеми, подрачја под посебна заштита. Токму во такво подрачје е лоциран хотелот што се гради во Горица 3…
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК