За три години веледрогеријата добила 640 тендери и заработила 37 милиони евра!

by vlatko 00:00
00:00

Меѓу фармацевтските компании кои во изминативе три години добиле најмногу тендери за набавка на лекови и медицински помагала е веледрогеријата „Д-р Пановски“, која добила 640 тендери и склучила бројни договори со Министерството за здравство, скопските клиники и повеќето болници во внатрешноста на земјата, за што според пресметките на контото на фирмата се одлеале речиси 37 милиони евра.

Сопственикот д-р Златко Пановски е татко на Ирина Пановска, директор на Клиниката за хематологија, каде што исто така фирмата добила тендери. За „Фокус“ Пановски тврди дека неговата ќерка е изземена од одлуките кој ќе го добие бизнисот и дека нема никакво влијание

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”