Водата од крокодилските солзи не е доволна за да се изгасне шумски пожар

by bogdan 11:39
11:39

Еднократна инвестиција од неколку стотици милиони евра за купување на опремата и трајно одвојување на неколку десетици милиони евра годишно за да се одржува обучениот кадар во состојба на подготвеност и ќе немаме никогаш проблеми со масовни шумски пожари.

Зар е толку комплицирано, та дури и невозможно, не само за нас, туку и за посериозни држави, кои исто така секое лето страдаат од огнените стихии? Но, ајде да се прашаме, која власт кај нас видела пад на својот рејтинг поради тоа што не знае да се справи со шумските пожари?

Реално да збориме, ниту една. Иако изгледаат спектакуларно, штетите по секојдневниот живот на граѓаните од шумските пожари и не се нешто претерано големи.

Неколку месеци ќе се секираме и ќе се нервираме поради нив, ќе ја користиме можноста како повод за меѓупартиски препукувања и штом ќе мине летото, ќе забораваме на нив.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК