Во рудниците на ЕСМ, на „мала врата“ влегле и странски компании – изведувачи отстапувале повеќе од половина од милионските договори!

by vlatko 00:00
00:00

Пред речиси 2 години, побаравме податоци од АД ЕСМ за фирмите што работеле во РЕК „Битола“ и во РЕК „Осломеј“ како подизведувачи, ангажирани од страна на избраните изведувачи во рамки на тендерска постапка.

Арно ама, државната компанија не ни ги достави овие информации, кои патем не се јавно достапни и објавени, па дури покрена и управна судска постапка против второстепената комисија, која ја уважи нашата жалба.

Но, по промената на раководството на ЕСМ по политичките промени, одлучивме да доставиме ново барање наместо да го чекаме исходот од судската постапка.

За разлика од претходно, овојпат добивме позитивен одговор, кој, меѓу другото, открива дека економските оператори што склучиле договори за работа во РЕК „Битола“ и РЕК „Осломеј“ отстапувале значителен дел од вредните договори на подизведувачи, меѓу кои имало фирми блиски до политиката, но и странски компании.

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК