Какви политичари преферираат гласачите? Дали мрзливи, заспани, аздисани, налик на сардини, кои со недели мирно си пливаат во аквариум, несвесни за судбината што ги чека, или, пак, сакаат динамични, активни, секогаш во потрага по нов проект со кој ќе го зачуваат или кренат својот рејтинг, налик на сардини во аквариум каде што во секој миг може некој сом да ги лапне?
Дури и најзаслепените партиски војници сакаат нивните пулени да се од вториот тип. Е па, кој е во политичкиот аквариум сомот што брка сардини, ако не противничките партии, невладините и граѓанските организации и секако независните медиуми?
Ако сакаш твоите омилени политичари да останат динамични, активни и полни со енергија ко норвешки сардини, мораш да ги држиш во политички аквариум во кој има по некој сом или дури и група сомови поради кои постојано ќе бидат на штрек.
Пишува
Нено БОГДАН
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК