Во волкот, т.е. кучето од Козле се пресликаа ставовите на нашите граѓани кон политичарите и партиите. Секој фан на Христијан Мицкоски гледа во него полнокрвен чувар на државата од шампионско легло (т.е. партија), додека за таквите, Венко Филипче, не само што е волк во јагнешка кожа (поточно, зајачка), туку е лидер на глутница ненаситни ѕверови, кои со задоволство би го распарчиле и она последното што остана од македонскиот идентитет, откако сѐ друго отиде во неповрат.
За фановите на СДСМ, пак, нивниот лидер е како оние кучиња-трагачи, кои имаат крајно чувствителен нос за сите непријатни работи во општеството (корупција, автократски тенденции на власта, манипулации со институциите и сл.) и гласно лаат во темната ноќ за да го разбудат селото пред да биде доцна.
Пишува
Нено БОГДАН
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК