Во политичкиот кокошарник, некои петли ќе пропеат дури кога лисиците ќе заиграат

by bogdan 16:55
16:55

Претседателката на државава, Гордана Сиљановска- Давкова, деновиве ја спореди дијаспората со крило на нацијата, при што едното крило се луѓето што живеат во државава, другото крило се нашинците раселени ширум светот, и за да летаме високо како нација, ни се потребни и двете крила.

На прв поглед, убава метафора со прекрасна порака, ама треба да се сетиме дека, освен пристојни луѓе во дијаспората, имаме и некои многу непристојни ликови излезени долгорочно од државава. Каде е Никола Груевски, каде е Артан Груби и каде е (според многу тврдења) и Зоран Заев?

Сите се во странство, па и тие се дел од дијаспората. Нив како дел од крилата ќе ги сметаме или како дел од канџите? Бидејќи на време одлетаа на сигурно, можеби се крила. Ама ако се знае дека не заминаа со празни раце, мора да се канџи.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК