„Вмровец“ со тапија, раководител и претседател на Управен одбор ги „бранат“ правата на вработените во Министерството за одбрана

by bogdan 12:52
12:52

Според документите со кои располага „Фокус“, на почетокот на 2026 година е формиран нов синдикат во МО, познат под името „Синдикат на вработените во одбраната и Армијата“, на чие чело е Милан Андоновски.

Како основачи и членови на овој синдикат се раководни лица во самото министерство, а главната палка в раце ја има Андоновски, кој е и десна рака на министерот Мисајловски, раководител е на Директоратот за правни работи и во моментов е претседател на Управниот одбор на ЈП „Улици и патишта“.

Тој, во времето на Груевски, бил претседател на Советот на Општина Гази Баба од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кога со неа управувал Тони Трајковски, а бил и дел од предметот на СЈО за „Насилствата во Центар“.

Тој, заедно со неговите членови, истовремено се и на функции, но и се „борат“ за правата на работниците.

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК