ВМРО-ДПМНЕ ја зајакнува моќта преку регионалните медиуми

by Фокус

Според списокот со кој располагаме, меѓу регионалните телевизии за кои се шпекулира дека ѝ даваат поддршка на владејачката партија е ТВ „Менада“ од Тетово, која за последните избори донирала речиси 1.900 евра за партијата на власт.

На истата листа се наоѓа и телевизијата „Боем“ од Кичево, која, пак, за изборите „искеширала“ 2.600 евра. Правото да стане регионална телевизија го искористила и ТВ „Тиквешија“ од Кавадарци, која за изборите, за владејачката партија дала околу 3.000 евра.

На истиот список може да се најде и телевизијата „ВТВ“ од Валандово, која донирала 2.200 евра, додека ТВ „Златен канал“ од Крива Паланка, која се смета за блиска до градоначалникот Арсенчо Алексоски, донирала речиси 2.400 евра.

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”