Ако премиерот доаѓа на работа со велосипед, а министрите се возат со јавен превоз, кога некој ќе побара за болни деца да се зголемат средствата од буџетот, ќе добие одговор дека сите штедиме, немаме пари, криза е, мора да се внимава на секој денар и слично.
И тоа ќе изгледа убедливо, особено ако навистина сите функционери и институции тераат скромно. Ама обратно, кога премиерот лета со бизнис-класа, а министрите сите се возат во лимузини, кога пратениците лапаат по десетици илјади евра за патни трошоци, и слични форми на луксузирање и кога некоја група на граѓани ќе побара да се обнови мост, или да се изгради насип, како ќе може да се вадат политичарите од таа ситуација?
Нема пари во буџетот за мост, насип, амбуланта, градинка!? А има пари за лимузини, авиони и патни трошоци, а? Не може, тука демагогија не помага. Ако власта трпи, и народот може да трпи. Ама ако власта се луксузира, нешто мора и за народот да даде.
Пишува
Нено БОГДАН
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК