Ако партијата или светската сила е навистина моќна, тогаш надменоста е логичен пристап. Ама логичен е и обратниот пристап, кога структурата е гола вода реално, ама затоа ќе се однесува надмено и вообразено, за сите да помислат дека е голема сила во прашање и да ја гледаат со пиетет.
Значи, ако оној што има пари може да ги троши без гајле, тогаш и оној што троши пари без гајле, сигурно ги има цел куп, т.е. е моќен. Оној што има реални моќ и влијание, може да си дозволи да шета со кренат нос и кон сите да е ладен и непристоен.
Тоа не е убаво, ама му се може оти има реална моќ. Но, што ако некој е тотален голтар, ама и тој кренал нос и се однесува како да е газда?
Оние што не ја знаат вистинската состојба, логично ќе си помислат дека и тој е некој моќник, штом се однесува како да е моќник.
Пишува
Нено БОГДАН
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК