Триумф и триумфализам

by fokus

Во Македонија сѐ уште немаме силна радикална, популистичка партија која ќе ветува дека ќе го смени од корен начинот на кој се игра играта. Сега засега сите релевантни партии ја играат политичката игра според правилата кои ги диктира, пред сѐ, Западот кој ја игра улогата на судија во натпреварот.

Но, тоа не значи дека таа состојба ќе трае, особено ако судијата биде препознаен од публиката дека е наклонет кон едната страна и ја дискриминира систематски другата страна, дури и кога таа се обидува да игра според правилата.

Во стариот Рим триумфот служел за да ги потсети и војниците за што се бореле, и цивилите за да видат колку е слатко да се биде победник.

Во модерна Македонија триумфализмот служи за да ги потсети поразените дека биле глупи што дозволиле да бидат поразени, и дека во иднина е најпаметно да заборават на старите правила на игра, ако сакаат да бидат победници.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”