Правното лице „Мурана Компани“ на Ракип Алии, близок роднина на тетовскиот градоначалник и лидер на Беса, Биљал Касами, се јавува како донатор на Општина Тетово, меѓутоа нема склучено договор за јавна набавка со оваа локална самоуправа.
Сепак, достапните информации говорат дека „Мурана Компани“ соработувала со компании што добивале тендери од Тетово, меѓу кои се субјектите од групацијата „Мујо-Ба“ поседувани и управувани од членови на семејството Бајрами, кои не кријат дека се симпатизери и поддржувачи на Касами и Беса.
Станува збор за друштвата „Мујо-Бајрами“, „Ереу-Транс“ и „Еко-Пеу“, кои, според податоците што ги обезбедивме, во периодот од 2022 година досега склучиле триесетина договори за јавна набавка во вкупна вредност од над 6 милиони евра, при што над 90 отсто од нив се склучени со Општина Тетово, и тоа додека градоначалник е Касами.
Проверките што ги извршивме покажуваат дека овие јавни зделки влијаеле и врз работата на фирмите, кои постигнувале раст и од над 200 отсто од година во година.
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК