Тие што не се потковани, завршуваат насамарени

by vlatko 00:00
00:00

По сите понижувања и саботажи што ги има претрпено ВМРО-ДПМНЕ од страна на западните дипломати и тајни служби, не треба никого да изненадува што обичните вмровци се ептен, до даска проруски настроени, и ептен, фанатично дури, антизападно расположени.

Што виделе вмровците арно од Западот? Ништо, напротив, двапати ги руши токму тој Запад нив од власт, еднаш во 2001-2002 кога Љубчо беше лидер и еднаш во 2015-2017 кога Грујо беше лидер. Утре Мицко да стане премиер, сигурно, за година-две, пак Западот ќе вмеша прсти за да го сруши од власт ВМРО-ДПМНЕ.

Па, зошто вмровците да го сакаат и ценат, и почитуваат, и поддржуваат, и да го следат Западот во геополитичките пресметки? Воедно, што лошо виделе од Русија, па да ја мразат?

Обичните членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ се проруски и никој не може да им замери за тоа. Но, раководството никогаш не било, и не е ни сега, иако цело време и Грујо беше и Мицко е обвинуван дека врти волан кон Исток, додека дава жмигавец кон Запад.

Па зошто ги клеветат дека се проруски?

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”