Стравот ги тера родителите по вакцини во Грција и во Србија

by Фокус 18:10
18:10

Македонија е единствената земја во Европа, каде што децата се вакцинираат со обични вакцини кои одамна се исфрлени од употреба.

Стравот и паниката кај родителите дополнително се зголемија откако открија дека нивните деца примаат бугарска вакцина Дитепер, за која, како што тврдат, со години се користела бидејќи била најевтина, но притоа не била ниту регистрирана, ниту заведена во Светската здравствена организација.

- Advertisements -

Дел од родителите решија децата да ги вакцинираат со современи поливалентни вакцини, и тоа најчесто во Солун, Белград и во Врање. Тоа стана редовна практика, но не и нелегален бизнис.

Во соседна Грција вакцините се набавуваат од аптека, а нивната цена се движи од 50 до 70 евра, додека во Врање вакцините чинат 30 евра и плус 5 евра за боцкањето. Ацелуларни (прочистени) вакцини може да се најдат само на Клиниката за детски болести, но родителите обвинуваат дека тие се добиваат единствено преку врски и најчесто се даваат на деца на владини функционери, роднини и пријатели

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”