Политиката, каде што има гласачки тела врз кои атакуваат повеќе ривалски партии, е како систем на врзани садови, каде што секоја партија има мотив да работи против другите партии, со цел да заграби за себе што е можно поголем дел од гласачкото тело.
Оние гласачи што ќе се разочараат од ВМРО-ДПМНЕ, може да се прелеат кај Левица, оние што во СДСМ ќе изгубат надеж, може да се прелеат во ЗНАМ, оние од ДУИ во Влен, и се разбира обратно.
Нормално, гласачите може да се прелеат и во апстиненти и тоа е како да протекуваат цевките со кои се поврзани врзаните садови.
За да се појави некоја нова партија што ќе ги собере таквите гласачи во својот сад, лидерот на таа партија треба да е добар политички водоинсталатер.
Пишува
Нено БОГДАН
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК