Синот на Митко Чавков соработуваше со братот на Заев и партнерот на Мицкоски, а сега добива државни тендери

by fokus 12:55
12:55

Додека поранешниот шеф на полицијата Митко Чавков ја одлежува 18-годишната затворска казна затоа што дозволи упад во парламентот на 27 април, една од компаниите на неговиот син Иван Чавков продолжува да функционира на пазарот со засилено темпо.

Станува збор за „Портланд-ОПЦ“, која за кусо време доби неколку тендери во вредност од скоро 400.000 евра, и тоа во период откако помладиот Чавков заработи кривична пријава за бесправно градење и узурпација на земјиште.

Според податоците што ги обезбеди „Фокус“, компанијата при изградба на еден објект во Струмица соработувала со поранешен партнер на Христијан Мицкоски во бизнисот со хидроцентрали – Драги Василев, додека во друг проект заеднички инвестирала со компании во сопственост на братот на премиерот Зоран Заев – Вице Заев

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК