Што побргу се заборава: еден скандал тежок сто милиони или сто скандали тешки по еден милион?

by bogdan 16:55
16:55

Кога власта сака да финансира некоја работа, многу полесно ќе го направи тоа ако ѝ нареди премиерот на некоја прокси фирма да плати, отколку од буџетот да одвојува средства. Кога се прави првото, доволен е само еден телефонски повик.

Ама кога се прави второто, треба консултации со коалициските партнери за да има дел и за нив, па тендер да распише, па потоа ревизори, па комисија за жалби и поплаки, па расправа во парламент со критичка опозиција и триста други административни тормозења, а кој има нерви за тоа?

Десет партиски моќници да вработат десет швалерки во државни институции, десет скандали ќе излезат од тоа.

Ама ако една фирма добие тендер, тоа е само еден скандал, и тоа финансиски, значи здодевен, па бргу ќе се заборави, а потоа таа фирма, не десет, туку сто партиски швалерки може да вработи кај себе дискретно, без да се генерираат пикантни скандали на кои јавноста подолго време ќе се фокусира.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК