Што е подобро: да имаш јака власт во слаба држава или слаба власт во јака држава?

by vlatko 00:00
00:00

Кога чекаш пред семафор зелено светло, ќе чекаш исто време и кога си во „фиќо“ и кога си во „ферари“. Ама чувството не е исто.

Затоа многу политичари преферираат да имаат самите јака власт во слаба држава, отколку да имаат слаба власт, регулирана со строги закони и правила и норми, ама во силна, богата, добро уредена и просперитетна држава.

Оној што сонува за првото, е налик на човекот што купил спортски автомобил, иако сѐ уште нема асфалтиран пат. Вистински државник е оној што работи на тоа да пробие пат, дури и кога знае дека еден ден ќе се вози по него во автобус.

Без пат, автомобилот е џабе. Ако имаш пат, и со најбавен автобус ќе стигнеш побргу до целта, отколку ако имаш и најбрз автомобил, ама немаш пат.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК