Што ако неспособните политичари се еден вид статусен симбол за народот што ги трпи?

by vlatko 00:00
00:00

Секој луксузен предмет е доказ за тоа дека носителот на тоа парче статусен симбол поседува ресурси што другите ги немаат. Мицкоски е „богат“ со рејтинг и кога дава контроверзни најави од типот дека ќе воведува данок за немажени и неженети, со тоа симболизира дека има рејтинг и за фрлање и не му гајле колку ќе го чини тоа во проценти од изгубена популарност.

Данела, пак, е налик на милионер, кој дознал дека има уште неколку месеци живот, па ќе купи бесен автомобил, ќе се ожени со некоја млада старлета и слично, со цел да ужива додека може, т.е. во нејзиниот случај ќе се замери со јаки политички фактори што се на власт оти и онака нејзината политичка кариера е при крај, па зошто да не ужива во тој луксуз.

Што ако и народот така гледа на своите политичари?

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК