Ако си помогнал да падне Грујо и да дојде Заев, виновен ли си ти за промената на името? Не, виновен е Заев, а виновен е и Грујо што бил толку многу расипан на власт, што чесни, нормални луѓе, кои не сакале да се смени името, биле принудени да се борат против неговиот режим. Па, уривајќи го Грујо, го донеле Заев, кој пак го смени името на државата.
Ама што требаше, да го трпиме Грујо сосе сиот негов јавашлук и апашлук? До кога цената на живеење во корумпирана држава со аздисана власт ќе беше доволна компензација за зачувување на името?
Истата логика е и со Заев. Има многу луѓе кои се пресреќни што ќе влеземе во НАТО, и затоа ги премолчуваат апашлукот и јавашлукот кои со секој изминат ден земаат се пошироки размери во владата на Заев која, пак, со секој изминат ден сѐ повеќе аздисува.
До кога влегувањето во НАТО ќе биде доволна компензација за цената која ја плаќаме сите со живеење под оваа расипана власт?
Пишува
Нено БОГДАН
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”