Секоја вест е како река: бистра е само на изворот, а колку низводно се оди, толку поматна станува

by bogdan 17:50
17:50

Секој политичар мора да си има тим на луѓе задолжени за односи со јавноста оти секоја изјава што ќе ја даде, секој збор што ќе го каже политичарот, од страна на конкуренцијата ќе биде извртен и изваден од контекст и употребен против него, па за да се избегне штета по рејтингот поради тоа, мора да се има своја пиар-екипа секогаш во приправност.

Но, ова не е толку лошо колку што изгледа.

Ако си сериозен политичар, ова нешто треба да ти е јасно. А ако не ти е јасно, тоа е показател дека не си сериозен политичар и затоа на време тргни се за да направиш место за некој друг да дојде што се разбира во елементарни принципи.

Оној политичар што мисли дека е доволно само да си каже искрено што му лежи на душата, а народот сам ќе го разбере, е достоен за почит, ама не е добар за политичар зашто ќе пропадне бргу во политичката битка.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК