Секој север има свој југ

by fokus

Ако дојде до заемно прифатливо решение, тогаш членството во НАТО и трката со Србија и со Црна Гора за заеднички влез во ЕУ во 2025 година може да биде голема реалност. Седум-осум години преговори со Брисел и исполнување на обврските од поглавјата се само миг во историјата со извесен крај на добра иднина за поколенијата да бидат дел од Европа.

Но, што ќе биде со Македонија ако не се најде заемно прифатливо решение и ако на подолг рок се пролонгираат нејзините определби за евроатлантски интеграции?

Оваа евентуално пропуштена шанса, сигурно ќе нема реприза уште долго време ако дотогаш Македонија не исчезне, односно ако не се распадне пред налетот на разните етнички и национални и разни примамливи нови сојузи предизвикани од брзиот напредок на соседите во догледна иднина сите до една членки на ЕУ и на НАТО, освен Македонија

Пишува
Ерол РИЗАОВ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”