Ако Мицкоски е ученикот што се фали дека му се сите петки, наставници на наставничкиот совет се Виктор Орбан и Кир Стармер, кои со давање кредити му помогнаа да ги поправи инаку скромните оценки.
Дури и Венко Филипче може да влезе во аналогијава зашто пред некој ден се пожали дека ВМРО-ДПМНЕ се фали со проекти кои биле речиси завршени до 90 проценти во ерата на владеењето на СДСМ, што го прави него пандан на оној ученик од кого било препишувано.
Сеедно, и едниот и другиот ќе треба да полагаат пред стручната комисија составена од сите гласачи на претстојните избори и таму ќе се види дали нивните сегашни оценки се реални или не.
Пишува
Нено БОГДАН
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК