Реконструкција

by bogdan 09:50
09:50

На премиерот Христијан Мицкоски одлично му е познато дека во политиката, реконструкцијата најчесто се објаснува на два начина – првиот за да се даде дополнителен импулс, енергија и амбиција, нешто што почнало некакво движење уште повеќе да се забрза и за временски кус рок да се стигне до посакуваната цел – во секој случај, поврзано со реализација на дадените предизборни ветувања.

Второто објаснување за реконструкцијата – е дека таа се прави затоа што системот во еден дел еднаш, двапати или во континуитет затаил или затајува во мерка што може да предизвика опасност од целосна блокада. Која може да стартува со недоразбирања меѓу владините партнери, а да финишира со целосно стопирање на меѓукоалицискиот договор со кој и е инаугурирана владата.

Но, пред сè, ако некои од избраните „персони“ за министерска позиција се покажале дека или воопшто немаат капацитет за такво нешто или, што вели народот, „им влегла вода во уши“, па станале недопирливи за обичниот плебс.

Пишува
Зоран ФИДАНОСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК