Првиот човек на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи, деновиве обелодени дека впечатливиот рачен часовник му е подарок од сопственикот на хотелот „Горица“ во Охрид. Според податоците од надлежните институции, мнозински акционер на АД „Инекс Горица“ е охридскиот бизнисмен Божо Илоски, кој воедно е сопственик на градежната компанија „Ремис“.
Патем, тој е во тесна роднинска врска со првиот човек на компанијата „Градежник“, Тони Илоски, која, според документите што ги обезбеди „Фокус“, во 2015 година склучила договор со ИВЗ, застапувана од Реџепи, за продажба на два апартмани во хотелско-угостителскиот комплекс „Инекс Горица“ за сума од 510.000 евра. За овој случај поднесена е кривична пријава до Јавното обвинителство
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”