Првиот човек на „Актор“ влезе во грчката компанија што ја гради штипската болница!

by vlatko 00:00
00:00

Откако со Министерството за здравство се договори за продолжување на рокот за изградба на штипскиот клинички центар, „Интракат“ го раскина договорот со домашниот подизведувач „Бетон – Штип“ и одлучи самостојно да го финализира проектот во вредност од над 30 милиони евра.

Тоа се случува веднаш откако во сопственичката структура на „Интракат“ влегува добро познатиот Димитрос Кутрас, кој веднаш потоа станува и прв човек на бордот директори на друштвото.

Тој на оваа позиција доаѓа по долгогодишна работа во „Актор“, за која беа покренати истраги поради извлекување кеш во изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица, чиј проект-менаџер, патем речено, денес се јавува како овластено лице на македонската подружница на „Интракат“

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК