Приказната за Фени, всушност, е една многу тажна, трагична и долга сторија за Македонија од осумдесеттите години на минатиот век, но и за нејзината транзиција, за нејзините политичари и деловни луѓе, за нејзината сегашност и иднина, за нејзината мирна и уплашена јавност, за тоа како успеавме спокојно, гигант во кој се вложени повеќе од пет милијарди долари во денешна вредност да биде продаден за еден долар и како одлетаа стотици милиони долари, пари од никелот, од Македонија, за тоа како, за малку, ќе завршеше приказната за Фени со криминално фалименто.
Но, приказната уште не е завршена и тоа може да се случи за да биде во целост како што ѝ приличи на една банана држава. Проклетството на Фени ќе биде симнато оној ден кога ќе се исполни аманетот на таткото, кој им кажал на синовите дека златото е закопано во лозјето
Пишува
Ерол РИЗАОВ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”