Пред три недели, 36-годишна пациентка отишла да се породи на Клиниката за гинекологија. Според нашите информации, младата трудница побарала да дојде докторката, која наводно ѝ била врска, па не се знае со сигурност дали ѝ ја водела целата бременост или не.
Докторката, чие име и презиме ѝ е познато на редакцијата, за да го изврши породувањето, дошла специјално од дома. Во тој момент не била на работа.
Нашите извори тврдат дека докторката веднаш почнала со работа, па најпрвo ѝ дала еден лек за да исфорсира побрзо породување, а потоа уште неколку видови што треба да помогнат за стимулација, поточно за појаки контракции.
Е, тука настанува и главниот проблем, а и најморничавиот дел во целата приказна.
Според лекарите со кои разговараше „Фокус“, во тој момент кога било направена епизотомија, се случува и лекарската грешка, а тоа значи дека на трудницата со самото сечење ѝ се скинало дел од дебелото црево, по што, како што тврдат, раката на новороденчето наместо од вагиналниот отвор, излеглo од анусот на пациентката.
Пишува
Ирена МУЛАЧКА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК