Претседателката немала струја во канцеларијата, ама им исплатила бонуси за „домаќинско“ работење на директорите во М-НАВ!

by bogdan 12:47
12:47

„Фокус“ располага со нови бројни документи за случувањата во Македонска навигација, меѓу кои и со добиените парични награди на раководството на ова воздухопловно тело, кои, според сумите што ги „лапнале“, не се за потценување.

Според документите со кои располагаме, менаџерите на Македонска навигација се наградени со бонуси од по неколку илјади евра.

На одржаната седница на Надзорниот одбор на 5 октомври 2026 година е донесена одлука за доделување бонуси на членовите на Управниот одбор, Ристески, Кораќ и Зимбери. Тричлениот Управен одбор е награден со бонуси од 2.000 до 3.000 евра.

Меѓу наградените е извршниот директор Владимир Ристески, кој заедно со септемвриската плата и бонусот достигнале околу 8.000 евра.

На адреса на раководството на М-НАВ стигна уште една кривична пријава, овојпат за закуп на деловни простории во центарот на градот, за кои досега се платени над 85 илјади евра.

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК