Премиерот е „хај“ од домашна марихуана

by fokus

Премиерот Зоран Заев, на парламентарната седница за пратенички прашања потврди дека неговото семејство преку АД „Еленица“ станало косопственик на светиниколската компанија МАМ, која е лиценцирана за одгледување канабис.

Меѓутоа, податоците што ги обезбеди „Фокус“ покажуваат дека членови на семејството Заеви, минатата година ја основале и компанијата „Фарма Медика Канабис“ со седиште во Валандово, заедно со неколку партнери, вклучително и со штипскиот бизнисмен Ивановски, кој паралелно поседува уште една компанија за одгледување канабис – „Оаза Алкалоиди“.

Според информации од Министерството за здравство, и валандовската компанија поднела барање за лиценца, но тоа е во фаза на обработка

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”