Полициската плата ја трошиме само за да дојдеме на работа

by Фокус

Во последните години, откако ДПМНЕ е на власт беа објавени повеќе конкурси за вработување полицајци, при што само во последните четири години на работа влегоа повеќе од 1.500 полицајци.

За дел од нив постоеја обвинувања дека се вработени по партиски клуч и дека се симпатизери и членови на владејачката партија, кои според досегашната практика се должни да се појавуваат на митинзи, контрапротести и да обезбедат по 15 гласа за секои избори.

Но, некои од нив се обратија во нашата редакција, тврдејќи дека во последните неколку години не им се плаќаат патни трошоци, па речиси целата плата што ја добиваат им оди за превоз или за кирија.

Дел од нив тврдат дека не е работата во тоа само да се вработат, а да не можат да преживеат

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”