Политиката е налик на боксот оти победата со нокаут е поатрактивна од победата на поени

by bogdan 15:55
15:55

Ако секој ден се собира ѓубрето, со тек на време на тоа сите ќе се навикнат и никој нема да обрнува внимание.

Ама ако не се собира со недели, ќе се направат купови отпадоци околу контејнерите и тоа секому му влегува во очи или поточно во нос смрдеата остава впечаток.

Па, кога ќе се собере одеднаш тоа ѓубре, чистиот простор изгледа многу почисто отколку ако секој ден е така чисто. Исто како што во боксот нокаутот изгледа поатрактивно од победата на поени.

Луѓето полесно сфаќаат дека нешто се работи и дека кога не се работи, ептен лошо изгледа тоа.

Стануваат многу посвесни за важноста на таквите професии и таквите служби што се грижат за работите на кои, во нормални услови, никогаш не помислуваме.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК