Нека си предложи секоја партија своја резолуција за мигрантите, па, наместо во Собрание, нека се закупи некоја сала каде што ќе бидат изложени и презентирани резолуциите, граѓаните да може да ја посетат салата каде што ќе има и жива музика и греана ракија за посетителите, па таа манифестација да го добие називот „Резолуцијада“.
Или друга продуктивна идеја. Се меси лепче со паричка скриена во него и лидерите на сите партии вртат, вртат тоа лебот пет-шест минути, па кај кого се падне паричката, неговата резолуција ќе биде усвоена.
Или трета идеја би било да се постави рингишпил пред Собрание, па на секое од коњчињата, слончињата и вовчињата да седне по еден партиски лидер и да врти рингишпилот сѐ побргу и побргу додека не се онесвестат сите еден по еден и испаѓаат од рингишпилот, па кој последен ќе остане да јава, неговата резолуција се прифаќа.
Пишува
Нено БОГДАН
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК