Тоа што минатото лето, Скопје смрдеше на чадот од запалените депонии, а ова лето се засмрди од чадот од пожарите во околните шуми, додека секоја зима скопскиот воздух не се препорачува за дишење оти е полн со смог и магла полна со токсични честички, е показател дека во државава е крајно време да се отвори нова државна институција, чија задача ќе биде да се справува со загадувањето на воздухот.
Таа институција, која може да се вика и „Државен Орган за Справување со Труењето на Атмосферата – Биро за Регулирање на Емисиите – Агенција за Мониторинг на Атмосферската Нечистотија“ или скратено ДОСТА – БРЕ – АМАН, би било најубаво, за побргу да научат граѓаните дека постои и да пријавуваат случаи на загадување кај неа, да добие седиште на улицата Димо Хаџи Димов, оти нели против задименост ќе се бори.
Во сличен дух, ако некогаш се отвори некоја служба за борба против коцкањето, таа нека добие канцеларии на улицата Владимир Комаров, оти на комарџиите нема да им дава мир сѐ додека не овладеат со својот порок.
Пишува
Нено БОГДАН
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК