Политичарите ќе го третираат народот како стока сѐ додека пасе трева и не покажува рогови

by vlatko 00:00
00:00

Ако власта направи 200 скандали во текот на мандатот, што значи по еден нов скандал секоја недела во четирите години владеење, ќе изгуби околу 80 илјади гласачи, што, пак, ќе биде доволно за да ги изгуби изборите и да падне од власт.

Кога нема да биде на власт, партијата во следните четири години, вкупно околу две-три милијарди евра наместо таа да ги украде од буџетот, ќе ги лапне противничката партија.

Што значи дека 200-те скандали што го намалиле рејтингот, ја чинеле партијата две до три милијарди евра ќар што нема да го оствари.

Секој скандал така чини по 10 до 15 милиони евра.

А бидејќи од секои сто направени глупости по една прераснува во скандал, испаѓа дека секоја глупост ја чини партијата во просек по 100 до 150 илјади евра.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК