Под истрага е мрежа од дваесетина (про) бугарски медиумски платформи и комуникациски канали – кој стои позади нив и како се финансираат?!

by bogdan 12:57
12:57

Додека официјални домашни и меѓународни претставници велат дека се водат политички и дипломатски разговори „под радарот“ со цел надминување на блокадата на земјава кон европскиот пат, очигледно е дека истовремено на дело се одвива и еден вид специјална војна меѓу Скопје и Софија, во чии рамки се користи и пропагандата како средство за остварување на целите.

Во таа насока, АНБ и МВР веќе истражуваат мрежа од дваесетина медиумски платформи и комуникациски канали, меѓу кои има онлајн-медиуми, јутјуб-канали, фејсбук и инстаграм-профили и групи, каде што преовладуваат пробугарски и/или антимакедонски содржини, што дефинитивно создава и стимулира тензии меѓу двете држави, како и нетрпеливост, па дури и омраза меѓу двата народи.

„Фокус“ открива кои субјекти се дел од оваа групација – некои имаат транспарентна сопственичка, уредничка и соработничка структура, главно составена од македонски државјани, кои јавно се декларираат како Бугари, додека други официјално не објавуваат никакви податоци, но достапните информации посредно упатуваат кон заклучокот дека тие гравитираат околу еден центар, а тоа е фондацијата „Македонија“ на контроверзниот Стојанов, кој има забрана за влез во Македонија.

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК