Почетокот и крајот на ураганот ,,Арсовска“

by vlatko 00:00
00:00

За само неколку месеци се ближи крајот на градоначалничкиот мандат на Арсовска. Таа слободно може да се декларира како една од најлошите градски мајки, но и жена со тежок карактер.

А, врв на сето тоа е што за целиот период користеше заплашувачки и заканувачки методи за да им се одмазди на сите што не играле по нејзино.

Како што се ближи крајот на нејзиниот мандат, така надмениот карактер сè повеќе доаѓа до израз, а со тоа Скопје пука по сите шевови, од хаос во сите јавни претпријатија, немање доволно пари за функционирање, па сè до сомнителни тендери и математики за бизнис-зделки.

Од мандатот на Арсовска, направената штета, според досегашните проценки во Градот, е повеќе од 100 милиони евра.

Оваа вртоглава сума е потребна за да се поправи „торнадото“ што го зафати градот во владеењето на  актуелната градоначалничка.

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК