Партиите се пирамидални шеми зашто само оние од врвот ќаруваат, додека оние од дното секогаш губат

by bogdan 14:16
14:16

Секоја партија кај нас има три реални функции. Прво, да им обезбеди вработување во јавна служба на нејзините обични членови. Второ, да им обезбеди да добијат тендер од буџетот на нејзините членови што донирале за изборната кампања и за црните фондови на партијата.

Трето, да им обезбеди одреден степен на неказнивост на нејзините највисоки функционери, при што неказнивноста може да е привремена, па додека е на власт партијата, никој нема да ги пипа, или трајна, па потоа паѓање од власт, да бидат пуштени да избегаат во странство.

Значи што е партијата, освен комбинација на агенција за вработување, биро за посредување при конкурирање на тендери и правен консалтинг, посилен и од најдобрите адвокати зашто гарантирано нема да отиде во затвор функционерот што ги користи нејзините услуги.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК