Проект од типот на БРТ, кој првпат го промовираше Петре Шилегов, по многу натегања, со текот на времето и Данела го споменуваше како валиден, а еве и Орце сега размислува сериозно за него како решение за јавниот превоз.
Кој и да дојде на власт во Скопје, доколку сака по Вардар да не течат пластични шишиња, има само едно логично решение, имено да постави мрежа на неколку точки преку реката со цел таа да го запира дотокот на пластични предмети.
Кој и да е на власт во земја, ако сака да има економски раст, треба да ги намали даноците, да ја скроти бирократијата, да обезбеди монетарна и политичка стабилност, и да ги остави бизнисмените на мир да инвестираат и да работат.
Ако тоа го прави СДСМ, а потоа го прави и ВМРО-ДПМНЕ, тоа не значи дека некој скриен центар на моќ од сенка влече конци и кај едните и кај другите. Тоа само значи дека логиката е таа, и на неа сите сме ѝ заробеници.
Пишува
Нено БОГДАН
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК