ОЛАФ има задача да го урне македонскиот систем за крадење на европски пари!

by Фокус

Откако ЕУ официјално отвори истрага за начинот на кој се искористувале средствата од ИПА фондовите во Македонија се чини дека многумина во земјава нема да спијат мирно. ОЛАФ – Европската канцеларија која е надлежна за истраги поврзани со измами при Европската комисија не прецизираше на кој начин ќе се водат истрагите, но ова антикорупциско тело има силни ингеренции.

Лидија Димова, пратеник, поранешен  извршен директор на Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) и добар познавач на оваа проблематика во интервју за Фокус открива како всушност се правеле криминалите.

„Учествувате на проект, добивате порака во која пишува „ајде честито го добивте проектот, се надевам ќе се сетиш на мене кога ќе се спроведува“. Знаеш, некој ти бара процент. И сега се прашуваш кој е овој што ми се јавува мене?

Се интересираш, го наоѓаш.  И по две недели ти јавуваат дека проектот не ти е поминат, меѓутоа ти веќе имаш врска. Лицето ти се открива. Тоа е всушност евалуаторот на проектот.

А тој треба да биде таен, токму од овие причини. И полека, полека се развиваат работите. Ќе ви пратат порака дека проектот не Ви е сосема во ред, но ете тој (твојата врска) ќе Ви прати консултанти што ќе ви го средат проектот, ама за тоа треба да платите 40 отсто.

Во тоа е криминалот. Вие добивате проект, ама плаќате провизија“, открива Димова.

Разговараше
Младен ЧАДИКОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”