На површина од околу 95 илјади квадрати метри, веќе се градат 9 станбени објекти во старото скопско маало Крњево, лоцирано зад кампусот на УКИМ, каде што периодов се случува вистинска градежна офанзива.
Откако беше укинат неколкугодишниот мораториум во Општина Центар, во овој дел прво почна да се гради големиот станбено-деловен објект спроти „Ист гејт“ по што се редеа градежни дозволи за згради со приземје, 5 ката и поткровје, како што впрочем предвидува урбанистичкиот план донесен пред една деценија и делумно изменет пред неколку години.
„Фокус“ изврши теренска проверка, која покажа дека некои од овие објекти се безмалку готови, додека други се во фаза на карабина.
Кои компании се јавуваат како инвеститори, а кои како изведувачи?
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК