Семејството Синадинови како сопственици на „Биотек лабораторија“, во изминатиов период се во вистинска инвестициска експанзија. Тие во ноември 2022 година ја отвораат и поликлиниката „Биотек“ на примарно ниво лоцирана на улицата Народен фронт во центарот на градот.
На истата адреса се наоѓа и поликлиниката на секундарно ниво „Биотек медикал“. Сепак, ова е тоа што семејството Синадинови поседува во здравствениот сектор, каде што работат турбо.
Но, сепак, низ годините тие ги прошируваат своите видици и преземаат поголеми чекори во бизнисот, па така постепено почнуваат да инвестираат и во градежниот сектор. Во јуни 2019 година ја основаат компанијата „Ахема Солушнс“, чија основна дејност е неспецијализирана трговија на големо.
Официјалните податоци од бизнис-мрежата, пак, покажуваат дека тие преку компанијата „Ахема“ ја основаат фирмата МДА ДОО Скопје за изградба на станови и други објекти во јули 2023 година.
Како управител на компанијата се води едниот од браќата Синадинови, Мартин, и Александар Стојкоски од „Електрометал“. Мрежата на фирми продолжува да се проширува, па така наеднаш никнува и компанијата „Унион констракшн“ за изградба на станбени и нестанбени објекти.
На хартија како сопственици на фирмата фигурираат две компании „Ахема“ и компанијата „Нисбеја“ со која управува контроверзниот бизнисмен Дритон Шуки, кој, исто така, го води управителското место во најновата компанија на Синадинови, основана летото 2023 година.
Пишува
Ирена МУЛАЧКА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК